Бочварски: Експресниот пат Штип-Радовиш завршен пред рокот, втората фаза од Три чешми до Штип пуштена за сообраќај под времен режим

Објавено на 17 декември, 2021 во 10:34

Градежните работи на последната делница од Три чешми до обиколница Штип се завршени, со што се комплетира изградбата на експресниот пат од Штип до Радовиш. Делницата Три чешми – обиколница Штип е пуштена за сообраќај за сите возила под времен режим.

-Драго ми е што пред четири месеци пред рокот ја завршивме изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш. Ова е пример како се работи на терен и како се реализираат капиталните инвестиции, истакна министерот Благој Бочварски при посета на населеното место Три чешми во Штип.

Вкупната должина на овој патен правец изнесува 40 километри и се грaдеше во две фази и тоа првата фаза од Штип до Бучим која е во должина од 23,5 километри и вредност од 48 милиони евра, додека втората фаза, делницата Три Чешми до Штип – Југ и од Бучим до Радовиш е со должина од 17 километри и инвестиција од 14,9 милион евра.

-Веќе најавив дека завршувањето на овој експресен пат се случува четири месеци пред рокот. Драго ми е што и во текот на овој месец декември се уште гледаме механизација на терен, се уште се асфалтира а тоа значи дека и капиталните инвестиции во државата растат. И вториот аспект што сакам да нагласам е дека се реконструира и асфалтира и помошниот пат на излезот од Штип за да го вратиме во првобитната состојба. На барање на жителите на Три чешми, одговоривме позитивно и заедно со тимот инжењери од ЈП за државни патишта, од Министерството и од Изведувачот и Надзорот веќе го градиме ислучувањето, така да имаме еден модерен и безбеден патен правец, додаде Бочварски.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.