Бугарија, Романија, Италија, Словачка и Португалија се против забраната за мотори со внатрешно согорување од 2035 година
Бугарија, Романија, Португалија, Словачка и Италија се членките на Европската унија кои бараат емисијата на СО2 од автомобилите да се намали за 90% до 2035 година, за целосното преоѓање на продажба на електрични автомобили да се одложи дури за 2040 година, јавува Ројтерс.
Според агенцијата, петте држави бараат одложување на плановите на Унијата по 2035 година да се забрани продажбата на нови автомобили со бензински или дизел мотор, за пет години подоцна, од 2040 година.
Со предлогот за намалување на емисијата на СО2 од автомобилите, што Европската Комисија го поднесе лани, се бара 100% намалување на емисијата на СО2 од новите автомобили од 2035 година. Тоа значи дека по тој рок, во ЕУ повеќе нема да смее да се регистрира нов автомобил што користи мотор со внатрешно согорување.