Цената на бензинот ноќеска се зголемува за 2 и 2,5 денари за литар, а на дизелот останува иста
Објавено на 3 јуни, 2022 во 14:58
Цената на бензинот од ноќеска на полноќ се зголемува за 2 и 2,5 денари за литар, а на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 109 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 111,5 додека пак цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 99,5 денари.
Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) исто така се зголемува за 3 денари, односно ќе се продава за 98,5 денари за литар. Исто така, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС останува иста и таа изнесува 54,6 денари.