Започна исплатата на мартовските пензии, зголемени за 2.500 денари
Објавено: 1 април, 2025, во 10:49 часот
Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека од денеска ја започна исплатата на мартовската пензија. Таа е зголемена за 2.500 денари
„ Над 340.000 пензионери во Република Северна Македонија од денес ќе добиваат за 2500 денари повисока пензија. Со линеарното покачување на пензиите во месец Септември и мартовската пензија во месец Април, пензионерите добиваат за 5000 денари повисоки пензии,“ соопшти министерството.
Дума.мк


