ЦУК: 1.661 повици на 112 во последното деноноќие, се уште има пожари на вегетација и непроодни патишта
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.661 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 41,25%, а 58,75% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 60,95%, кон Итната медицинска помош 36.13%, а кон пожарникарите 1.10%, од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 1,82% со другите 58,75% што се именувани како „неитни повици“, биле на број 981 и биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање.
Согласно информациите во ЦУК од регионалните центри за управување со кризи, за изминатото деноноќие, се уште има пожари на вегетација на отворено и има непроодни патишта.
Регионалниот ЦУК Струмица, информира дека пожарникарите од ТППЕ Валандово од 13:50 до 15:00 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалена трска, капини и ниска вегетација на површина од 2 декари покрај патот С.Марвинци-с.Удово.
Регионалниот ЦУК Велес, известува дека во текот на денот имале пријава од граѓани за одрони кај с.Криволак на патниот правец Неготино – Штип. Истите се отстранети од екипи од ЈП за оддржување и заштита на магистралните и регионалните патни правци.
Регионалниот ЦУК Куманово, известува дека во Општина Крива Паланка, непрооден е локалниот патен правец с.Дурачка Река – с.Дренак.
Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека како резултат на ниските температури на патниот правец помеѓу селата Неготино и Калиште во Општина Врапчиште има појава на мраз на коловозот што претставува опасност по сообраќајот. Настанот е пријавен од страна на граѓанин на Единствен број за пријавување итни случаи 112. Веднаш од РЦУК Тетово преку РЦУК Гостивар се информирани во ПС Галата од каде што биле известени дека ќе се интевенира од страна на ЈП Македонија пат и ќе се посипува со песок и сол што ке го опфати целиот патен првец од село Санокос, преку с. Неготино, с. Калиште, с. Добридол, с.Топлица и с. Врапчиште до влезот на Општина Гостивар.
Дума.мк