ЦУК: 1.910 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во последното деноноќие и апел за да не се палат разни работи и депонии на отворено

Објавено на 27 декември, 2023 во 08:43

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) имало вкупно 1.910 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во последното деноноќие. Од нив, „реални“ повици биле 36,28%, а 63,72% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. 

Повици за итни случаи на 112, што се за комбинирано решавање кон ЦУК, имало 3,97% од реалните. Тие повици, заедно со другите („неитни повици“) 36,28% – вкупно на број 1.228, биле предмет на примање и обработка во ЦУК, преку дежурните оперативци во Секторот Е-112, во содејство со Секторот за операции и координација.

Инаку, согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале, кон Полиција биле упатени 59,93%, кон Итната медицинска помош 33,94%, кон пожарникарите 1,81%, а кон АМСМ 0,36% од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Апелираме да не се палат стрништа на нивите, потоа, пластични и гумирани работи, отпадоци и секако депонии на отворено, особено во овој период на загаден воздух во Скопје, а и во други градови во нашата држава.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.