ЦУК: 1 920 повици на 112 во последното деноноќие, седум пожари на отворено, отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 920 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 47,40%, а 52,60% за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 71,20%, кон Итната медицинска помош 23,20%, а кон пожарникарите 3,60%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, 1 046 повици за итни случаи на 112 во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 2% и на 52,60% именувани како „неитни повици“, биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно коордирнирање за нивно решавање со повеќе ангажирани институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК), согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи.
Имаше седум пожари на отворено во последното деноноќие. Конкретно, Регионалните ЦУК Скопје и Битола информираат за по два, РЦУК Охрид, РЦУК Штип и РЦУК Куманово за по еден изгаснат пожар на отворено.
Информираме за ретка, но сепак опасна ситуација при што е отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица. Конкретно, РЦУК Штип, информира дека пожарникарите од ТППЕ Виница вчера од 08:00 до 11:00 часот, имале техничка интервенција на испукана боца со хлор од 50 kg во филтер станицата. Интервенирале со две возила, четири пожарникари и четири други лица. Нема повредени лица, но на вработените во филтер станицата во Виница им е даден кислород, заради можност од вдишување на отровниот гас.
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.
Истовремено, ЦУК информира дека потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
Дума.мк