ЦУК: 1.986 повици на 112 во последното деноноќие, евидентирани 17 пожари на отворено од коишто два се уште се активни, неисправна вода во тетовско

Објавено на 6 февруари, 2024 во 08:57

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.986 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 40,89%, а 59,11% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 47,35%, кон Итната медицинска помош 34,44%, кон пожарникарите 15,56%, а кон АМСМ 0,35% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, 2,65% со другите 50,23% што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 1.182 на број и биле предмет на примање, селективна обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи.

ЦУК информира дека пожари на шуми и на вегетација на отворено, според извештаите на Регионалните центри за управување со кризи во државата се уште има, така што и во последното деноноќие имало 17 регистрирани по пријава, за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта  и запалени контејнери на отворено на територијата на државата. Помалите противпожарни интервенции на отворено во одредени случаи и не ги бројат.

Од 17-те „зимски“ пожари на отворено се уште два се активни: на Шар Планина и на планината Жеден.

Во ЦУК во 06.05 часот е добиена информација од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) Скопје и Полициска станица Сарај дека пожарот околу врвот на планината Жеден, каде што гори претежно трева и евентуално грмушки се уште е активен, но со намелен интензитет и дека заради тоа што во текот на денот постои можност од негово разгорување, тој ќе се надгледува. Вчера, заради ноќни улови и непристапен терен скопската БППЗ не можеше да интервенира.

Од Национален парк „Шар Планина“ известуваат дека утрово ќе одат на терен да ја видат состојбата со пожарот над село Вешала, а во пониските делови на Шар Планина и ќе известат за ситуацијата. Вчера Во текот на вчерашниот ден, согласно теренот и условите, екипи на ТППЕ Тетово и ренџери од Национален парк „Шар Планина“ учествуваа во негово гаснење.

Инаку, во државата во последното деноноќие биле изгаснати поголем број пријавени пожари на отворено. Конкретно 15 гаснеле пожарникарите од: Скопје (3 пожари), Прилеп (2 пожара), Охрид (2 пожара), Свети Николе, Кочани (2 пожара), Делчево, Крива Паланка и од Гостивар (3 пожари).

Регионалниот ЦУК Тетово известува дека е утврдено дека неисправна вода за пиење има во село Палатица во училиштето, с. Озормиште во училиштето, во с. Гајре кај џамија и во хотел „Арена“ на Попова Шапка, според последното испитување на вода од страна на ЈЗУ-Тетово.

Апелираме да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар да се пријавува на Единствениот повикувачки број 112 во ЦУК, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено посочуваме да се следат препораките и информациите од медиумите.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.