ЦУК: 2.023 повици на 112, а вкупно 21 пожар на отворено во последното деноноќие
Центарот за управување со кризи информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2.023 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 39,35%, а 60,65% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
-Кон Полиција биле упатени 57,34%, кон Итната медицинска помош 30,07%, а кон пожарникарите 9,44% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, 3,15% со другите 60,65% што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 1 121 на број и биле предмет на примање, селективна обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи, соопштија од ЦУК.
Оттаму додаваат дека имало вкупно 21 пожара на отворено во државата, пожарникарите 20 изгаснале, истовремено гаснејќи и други пожари во населените места во последното деноноќие.
-Според известувањата од регионалните центри РЦУК Скопје бележи 10, РЦУК Битола два, РЦУК Струмица два, РЦУК Штип четири, РЦУК Куманово два и РЦУК Тетово еден изгаснат пожар на отворено. Активен пожар има во Прилепско. Конкретно, Регионалниот ЦУК Битола известува дека пожарникарите од ТППЕ Прилеп, вчера од 16.35 часот биле на интервенција за гаснење пожар на нискостеблеста деградирана шума во близина на атарот на с. Штавица. Немало опасност пожарот да зафати населени места. Интервенирале пет пожарникари со едно ПП возило. Заради големината на пожарот и ноќните часови на терен е останата една екипа заради следење на пожарот за да не дојди до негова ескалација, додаваат од ЦУК,
Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека потребно и корисно е да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
Дума.мк