ЦУК: Девет пожари на отворено во последното деноноќие
Во последното деноноќие регистрирани се девет пожари на отворено во државава. Пожарникарите сите ги изгаснале, истовремено гаснејќи и други пожари во населените места, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.
Од ЦУК апелираат да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.
Во последното деноноќие имало вкупно 1.924 повици на бројот за итни случаи 112 во ЦУК, од коишто „реални“ повици биле 44,75 отсто, а 55,25 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 48,83 отсто, кон итната медицинска помош 46,09 отсто, а кон пожарникарите 2,73 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК
Дума.мк