ЦУК: На 112 вкупно 1.772 повици во последното деноноќие,кон Полицијата двојно повеќе од Итната медицинска помош

Објавено на 21 декември, 2023 во 08:45

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК), имало вкупно 1.772 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во последното деноноќие. „Реални“ повици биле 42,16%, а 57,84% други, што не биле за итни потреби на граѓаните.

Кон ЦУК, повици за итни случаи на 112, што се за комбинирано решавање, имало 3,76% од „реалните“. Тие повици, заедно со другите 57,84% „неитни повици“ (1.035 вкупно), биле предмет на примање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК.

Инаку, согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале, кон Полиција биле упатени 60,90%, кон Итната медицинска помош 29,70%, кон пожарникарите 5,26%, а кон АМСМ 0,38% од повиците од 112 во ЦУК.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.