ЦУК: Нова спасителска акција на Водно, успешно спасен и транспортиран уште еден повреден граѓанин од Водно во болница
Доцна попладнево, по известување на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК), за повредено лице кое се здобило со повреда, скршеница на нога на патека на Водно, Секторот за операции и координација со Регионалниот ЦУК Скопје веднаш ги контактираше институциите што би помогнале, освен Црвениот Крст, бидејќи нивната спасителна служба е дежурна само за време на викендите кога фрекфенцијата на планинските патеки на Водно е поголема.
Покрај два припадника од МВР, медицинскиот тим од скопската Итна медицинска помош многу пожтвувано, заради планската оддалечена од пат локација на повредениот, пешки стигнале до местото на настанот со голема внимателност по замрзнатата патека, што се повеќе замрзнувала како што одминувал денот и се намалувале температурите. На лице место, со помош на полицајците од ПС „Карпош“ му дале прва помош и го згрижиле повредениот, согласно повредата, за да може на раце да се носи со носилка до возилото на итната медицинска помош, а потоа со возилото да се транспортира до медицинска установа, болница. Притоа тие и го загреале, бидејќи било се постудено.
Од ЦУК, паралелно биле контактирани и припадниците на Армијата, коишто имаат пункт на Средно Водно, а истовремено и Хеликоптерската единица за евентуална нивна потреба.
Регионалниот ЦУК Скопје информираше дека во 17:00 часот кај повреденото лице на помош стигнале специјалци од ЕБР на МВР. Тоа е од причина што локацијата и времето од денот дозволувала само на раце да се носи со носилка од силни луѓе со познавање на движење по планински патеки до возилото на итната медицинска помош во времетраење од над еден час. Во моментот на известувањето до медиумите од ЦУК, привршува носењето на повредениот до возилото на Итната медицинска помош на Водно, па потоа со транспортот до болницата каде што ќе добие дополнителна медицинска помош за санирање на повредата. Со тоа спасителната акција на Водно, со голема пожртвуваност од сите ангажирани субјекти, се заокружува успешно.
Инаку, според првичните информации од терен, повредениот возрасен граѓанин бил пасиониран и искусен вљубеник во Водно и на планинското пешачење речиси секоја недела се искачувал на ридот најмалку еднаш а понегогаш и повеќе пати. Но, денешното планинско пешачење на крајот од денот било кобно и по ненадејното лизгање ја скршил ногата. Го пронашол друг граѓанин кој ја користел истата патека за пешачење. Тој се јавил на бројот 112 во ЦУК.
„Центарот за управување со кризи (ЦУК), го повторува повикот за внимателност при движењето по планините преку медиумите што секојдневно информираат особено на повисоките места каде снегот е замрзнат и се појавува голомразица на почетокот или на крајот на денот. Овие зимски појави се изразени особено на осоите и секако не треба да се потценува Водно, како што често знаат да кажат искусните планинари, како „лесна планинска патека“, поточно треба секогаш да се внимава и да прилагодува посетителот на условите, без разлика на големината на планините по коишто се пешачи или се вози со возила“, гласи денешниот апел на Центар за управување со кризи.
Дума.мк