ЦУК: Потрага по исчезнато лице, 1.626 повици на 112 и четири пожари во последното деноноќие

Објавено на 21 ноември, 2023 во 09:14

Според последните пристигнати информации од граѓаните во Центарот за управување со кризи и институциите од Системот за управување со кризи, во последното деноноќие имало четири регистрирани пожари на отворено, вкупно 1.626 повици кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК и имало една потрага по исчезнато лице.

-Пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје, во текот на деноноќието, гаснеле запалена ниска вегетација на површина од 3.000 m2 кај село Зелениково, во Општина Зелениково, пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Прилеп гаснеле запалена ниска вегетација во близина на училиштето „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп, пожарникарите од Штип гаснеле запалена нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација помеѓу селата Горни Балван и Горно Трогирци и пожарникарите од Куманово гаснеле запалена сува трева и ниска вегетација кај село Љубодраг, соопштија од ЦУК.

Оттаму додаваат дека според последниот извештај на секторот Е-112 кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 1.626. „Реални“ повици за итни случаи имало 34.93 %. Имало 65.07 % други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни. Со примањето во ЦУК на овие други повици се растоваруваат од повици службите коишто се за итно интервенирање. Кон Полицијата биле упатени 46.83 % од повиците, кон Итната медицинска помош 46.83 %, а кон пожарникарите биле упатени 2.53 %, кон АМСМ имало 1.28 % и кон ЦУК имало 7.59 % од итните реални повици за комбинирано решавање, секако заедно со другите 65.07 %, именувани и како „неитни повици“. ЦУК, преку својот Сектор за операции и координација ги координира итните случаи чија природа на настан „бара“ комбинирано дејствување на повеќе институции или служби во државата.

Во 19:52 часот, на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиено известување за изгубено машко лице кое имало психички проблеми и избегало од дома од село Дрен во Општина Демир Капија. Брзо беше организирана потера од роднини, месно население и полицајци од Полициската станица Неготино. Лицето беше пронајдено надвор од селото кон месноста „Краставец“, за среќа само за околу еден час, околу 21 часот, бидејќи навечер температурите паѓаат на отворен простор и може да биде опасно по здравјето и животот на луѓето, особено ако не носат соодветна облека според надворешната температура.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.