ЦУК: Превртен камион кај Катланово создаде долга колона со возила на патен правец Велес – Скопје

Објавено на 25 ноември, 2023 во 19:36
Фото: Фејсбук

Од МВР известуваат дека на патниот правец Велес- Скопје, во атар на село Катланово има превртено камион па поради тоа има голема колона на возила кои се движат на овој патен правец. Сообраќајот ќе се пренасочува Велес-Свети Николе-Скопје.

ЦУК информира дека од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известуваат дека се замолуваат сите учесници во сообраќајот кои не користат зимски гуми (иако тоа им е законска обврска од 15.11.2023 година)да го ослободат патот по кој се движат како не би преставувале пречка за останатите учесници во сообраќајот. Со самата постапка, на екипите на Македонијапат ќе им овозможат полесна и посигурна интервенција на патиштата со цел за нормално одвивање на сообраќајот. Ова посебно се однесува за планинските премини и за правците за кој имаме издадено известување за забрани за сообраќај за тешки товарни возила.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.