ЦУК: Во последното деноноќие имало вкупно 1.543 повици на Единствениот број за итни случаи 112
Во Центарот за управување со кризи (ЦУК), според последниот извештај имало вкупно 1.543 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во последното деноноќие. „Реални“ повици за итни случаи биле 41,08 %, а 58,92 %други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни. Со примањето во ЦУК на овие „други“ повици се растоваруваат од непродуктивни за нив, службите и институциите во Системот за управување со кризи (СУК) коишто се за итно интервенирање.
Распределбата на повиците за итни случаи, согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале, била следната: кон Полиција биле упатени 46,50 % од повиците од 112 во ЦУК, кон Итната медицинска помош 44,50 %, а кон пожарникарите биле упатени 5,50 %.
Повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, кон Центарот за управување со кризи имало 3,50 % од „реалните“, што секако, заедно со другите 60,50 % „неитни повици“, (1.006 вкупно) биле предмет на примање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК.