Д-р Петличковски: Грипот го надмина Ковид-19, но нема опасност од загрозување на јавното здравје
Денеска имавме редовен состанок на кој беа дискутирана состојбата со големат кашлица. Засега има само два случаи. Се работи за девојка и шестмесечно дете. Во добра состојба се, но двата случаи не се вакцинирани. Оттука стои препораката и ги повикуваме родителите да ги надополнат промашените дози, со што овозможуваат најдобра заштита за малите деца до 2 години. Големата кашлица е најопасна за малите деца и оттаму вакцинацијата, изјави денес д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.
Околу состојбата со грипот и полните амбуланти и клиники, Петличковски информира дека има зголемен број случаи.
-Влезени сме во сезоната на инфлуенца и повторно треба да размислуваме за заштита на постарите луѓе и оние со хронични болести и ги повикуваме да се вакцинираат – сеуште има достапни дози против грип. Болничките капацитети се во форма и нема загрозување на општата јавна здравствена состојба. Грипот го надминува бројот на случаи и од Ковид-19. Коронавирусот е во опаѓање – само 7% позитивни тестови во последната недела, додаде докторот на брифинг со медиумите.
Останува препораката за задолжнително носење на маски во здравствените домови и старечките домови од страна на персоналот и пациентите.
Досега има шест смртни случаи од грип од почетокот на сезоната, а во текот на оваа недела, регистрирани се два случаи. Се работи за лица на возраст од 56 и 61 години од Скопје и Куманово, кои биле хоспитализирани во Клиниката за пулмологија и алергологија. Кај починатите лица е утврдено присуство на коморбидитети.
Во моментов седуммина се хоспитализирани поради компликации со грип.
-Во моментов нема потреба од нешто посериозно, рече д-р Петличковски во однос на почетокот на второто полугодие од учебната година.
Дума.мк