Даниловски: Децата треба да се вратат во училишните клупи од 1-ви септември

Објавено на 21 јуни, 2021 во 11:02

Епидемиологот, Драган Даниловски, смета дека сите вакцини штитат од индискиот сој на корона.

-За време на летните одмори надвор од Македонија, заразување е можно и можно е некој вакциниран да го фати и да го донесе. Сепак мислам ризикот е дека мал, со оглед на тоа дека на граница треба да приложите негативен ПЦР тест или доказ за вакцинација“, вели докторот во интервју за ТВ Сител.

Во однос на тоа дали учениците треба да ја почнат својата учебна година од училишните клупи, Даниловски е категоричен и наведува дека треба да вратат.

„Епидемиолошката слика го дозволува тоа. Конечно и дефинитивно треба да се вратат во училиштата“, додаде Даниловски.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.