Дел од правилата за организирање на свадби
По скоро една година е дозволено организирање на прослави и свадби на отворено.Новиот протокол предвидува 25 правила кои ќе мора да се почитуваат за да се одржи прославта.
Ова се дел од правилата:
-Организирањето свадби, прослави и веселби е дозволено во отворениот дел на угостителскиот објект, тераса. Тераса претставува простор кој има покрив и кој е отворен од трите страни.
-На влезот на отворениот дел од угостителскиот објект, терасата треба да има поставено дезинфекциско средство со видливо известување дека е задолжително да се дезинфицираат рацете при пристигнувањето.
-Задолжително е мерење на температура пред влез на гостите од страна на одговорно лице од угостителскиот објект. Доколку кај некој од гостите се констатира покачена телесна температура повисока од 37,5, веднаш ќе бидат вратени и упатени да се јават кај својот матичен лекар.
-Доколку на отворениот дел од угостителскиот објект, терасата има поставено прегради, ѕидови направени од плексиглас, пластика или стакло, потребно е да се отстранат или отворат така што просторот на терасата да остане од трите страни отворен.
-Бројот на гостите се ограничува на максимум 50% исполнетост на капацитетот на отворениот дел, но не повеќе од 100 гости.
-Угостителскиот објект во кој има прослава е должен да ја регистрира и пријави прославата во угостителска комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби.
-Задолжително е при влегувањето на гостите истите да бидат спроведени од страна на одговорно лице од угостителскиот објект .
-Организаторот има за обврска да достави листа на гости и распоред на маси за седење до одговорниот менаџер на угостителскиот објект кој има за обврска да го евидентира секое лице.
-Во случај на доаѓање на лица не евидентирани во листата на гости по добиено одобрение од организаторот ќе им се одобри присуство и ќе бидат внесени во листата за евиденција на присутни гости.
-Задолжително е почитување на општите превентивни мерки и препораки при пречек на гости и за цело времетраење на свадбата, забрането е поздравување со ракување, гушкање или друг вид на физички контакт со гостите.
-Само при организирање на свадби дозволено е ангажирање на музичари односно естрадни уметници кои се лиценцирани. Музичарите треба да бидат оддалечени најмалку 5 метри од најблиската маса за гости, без право на движење и пеење помеѓу гостите. Јачината на музиката не треба да ја надминува пропишаната граница на јачина во угостителски објект.
-Дозволено е играње на подиум за игра со обезбедено простор од 4 м2 по лице при што е потребно да се почитува препорачаната дистанца.
-На гостите им е дозволено да влезат во затворениот, внатрешниот дел од објектот при потреба да користат тоалет. Но мора да носат заштитна маска.
-Вработените во угостителскиот објект задолжително носат заштитни маски преку устата и носот и зачестено одржуваат хигиена и дезинфекција на раце .
-Дозволен е максимален број од 6 лица на една маса со задолжително почитување на пропишаното растојание помеѓу секој гостин и растојание помеѓу масите.
-По завршување на прославата, задолжително е механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.