Делта сојот се шири во Грција, бројот на заразени расте со голема брзина

Објавено на 7 јули, 2021 во 14:25

Забава на отворено во Атина за прослава на крајот на учебната година скапо ги чинеше младите учесници. Над сто од нив се заразиле со делта сојот од корона вирусот, и во изминатите 24 часа здравствените власти регистрираа 1797 новозаразени, од кои најголемиот дел од нив се од забавата која се одржала во познат бар на плажа. Регистрирани се и осум починати.

Бројот на нови случаи на коронавирус во Грција расте со голема брзина, а заразниот делта сој особено се шири кај младите, кои ги користат топлите денови неконтролирано да се собираат и да уживаат на плажите. Просечната старост на новозаразените е 27 години, а над 30 отсто од нив се заразиле на собири на отворено.

Затоа од утре се најавени нови рестрикции, сите кафулиња, ресторани, барови и клубови ќе можат да работат само ако имаат обезбедени места за седење. Здравствените власти велат дека делта сојот станува доминантен и ги повикаа младите да се вакцинираат.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.