Денес нè очекува студено утро, преку ден сончево со температура до 28 степени
Објавено на 12 октомври, 2023 во 09:16

Студено утро, а преку ден сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од јужен правец, предвидуваат синоптичарите. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 23 до 28 степени.
До крајот на оваа седмица ќе се задржи сончево време со студени утра, а релативно топло преку денот. Промена на времето со локален дожд и опаѓање на дневната температура се очекува во понеделник.
Дума.мк
