Денеска се празнува Свети Партениј, епископ Лампсакиски
Син на некој ѓакон од градот Мелитопол. Уште како дете добро ги помнеше зборовите на Евангелието и се трудеше да ги исполни. Се насели покрај едно езеро каде што ловеше риба, ја продаваше и им делеше на сиромасите.
По Божја Промисла го избраа за епископ Лампсакиски. Го очисти градот од незнабоштвото, ги затвори идолопоклоничките храмови, изгради многу цркви и го утврди благочестието. Со молитва лечеше секаква болест, а особено имаше власт над злите духови.
Еднаш кога сакаше да изгони зол дух од некој луд човек, злиот дух го молеше да не го изгонува. „Ќе ти дадам друг човек, во него влези и живеј“, му рече Партениј. „Кој е тој човек?“, праша демонот. „Јас сум“, одговори светителот. „Влези и живеј во мене!“ Кога го слушна тоа демонот побегна како од оган викајќи: „Кај можам да влезам во Божјиот дом?!“ Свети Партениј поживеа долго и својата обилна љубов кон Господ и кон луѓето ја покажа на дело. Во вечниот покој на Христос се пресели во VI век.
Дума.мк