Денеска слободно движење, од утре полицискиот час продолжува од полноќ
Денеска поради верскиот празник Рамазам Бајрам, ќе нема ограничување за движење. Од четврток пак, стапува на сила ограничувањето во движењето од полноќ и ќе трае до 4 часот изутрина.
Од денеска па до 18 мај 2021 година на сила ќе бидат новите мерки. Тие ги усвои Владата на вчерашната редовна седница.
Дозволеното време за работа на угостителските објекти за работа со посетители во отворениот дел од угостителскиот објект е до 23:30 часот. Сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор. Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите.
Надлежните велат дека новите мерки предложени од Комисијата за заразни болести се врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во земјата.