Денеска сончево и многу топло време

Објавено на 10 август, 2021 во 09:18

Денес времето ќе биде претежно сончево и многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од северозападен правец и УВ индексот ќе изнесува 9.

Со прогнозираните температурни вредности ќе биде активирана жолта, а во југоисточните подрачја, каде максималните температури повторно ќе надминат 40 степени, портокалова фаза за опасност од високи температури.

Во среда ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, а од четврток опаѓање на дневната температура за 3 до 5 степени.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.