Денеска врнежи, наместа поројни а од утре стабилно време со пораст на температурите

Објавено на 14 октомври, 2022 во 09:56

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб ветер претежно од источен правец.

Наместа врнежите ќе имаат пороен карактер, локално се очекува денеска да наврнат над 30 литри дожд на метар квадратен.

Утринската температура ќе се движи во интервал од 6 до 13 степени, а дневната од 9 до 16 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со врнежи од дожд. Температура ќе се движи од 12 до 14 степени.

Од сабота следува период на стабилно време со пораст на дневната температура. В недела ќе биде претежно сончево и потопло.

Во следните три дена ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе се движи од 0 до 11 степени, а максималната од 16 до 24 степени.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.