Девет нови случаи, нема починати од ковид-19

Објавено на 19 јули, 2021 во 14:07

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 1.973 тестирања, а регистрирани се девет нови случаи на ковид-19.

Регистрирани сe 53 оздравени пациенти и не се регистрирани починати пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 932.513 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.931, бројката на оздравени пациенти е 150.223, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 221.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.