До сабота ќе продолжи периодот на нестабилно време

Објавено на 25 август, 2022 во 09:09

Времето денеска променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. УВ индексот ќе изнесува 5.

До сабота ќе продолжи периодот на нестабилно време. Претпладне ќе има сончеви периоди, а во попладневните и вечерните часови наместа со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Од недела ќе настапи постепено стабилизирање на времето со пораст на дневната температура, но во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.