Двојазични амблеми ќе има само за службите на локално ниво, вели Спасовски

Уредбата што неодамна ја донесе Владата двојазични амблеми ќе има само за службите на локално ниво, таму, каде што официјален јазик е и албанскиот, вели Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
-Таму каде што на локално ниво се работи, значи за амблемите на униформа на локално ниво во градови каде што официјалниот јазик е албанскиот јазик. Значи, на централните служби кои се однесуваат за цела држава нема никаква промена да има во делот на униформите, сходно на тоа и на единицата „Тигар“ и на „Единицата за брза распределба“, рече Спасовски
Тој додаде дека се остава период од една година за имплементација заради тоа што има постапка за трошењето на буџетските пари.
-Ние моравме тие чекори да ги запазиме и затоа се промени легислативата во овој дел. Имавме година дена период на усогласување за да се спроведат постапките. Значи, тоа е нормална работа која што се спроведува, не е ништо ново посебно во овој дел што би предизвикало какви било други проблеми, нагласи министерот за внатрешни работи.
