Џафери оптимист: Верувам во преговорите со Бугарија и соодветно решение
Претседателот на Собранието Талат Џафери во емисијата 24 анализа во врска со преговорите со Бугарија рече дека e оптимист и мисли дека може да се постигне решение.
„Има информации кои се соопштени, а класифицираните не може да се соопштат и имаме законска обврска за тоа. Јас тоа што треба го знам, го знам. По природа сум оптимист и мислам дека е можно да се постигне договор. За јазикот не се разговараше, а позциите на Кирил Петков не беа ставени како тема на разговор. – рече Џафери.
Спикерот вели дека „тоа што треба да го знам, го знам“, како одговор на прашањето дали ги знае сите детали од преговорите со Бугарија.
-Владата е надлежна за се. Верувам во преговорите со Бугарија и соодветно решение. И треба да бидеме вклучени како Собрание. Не разговараме за јазикот, додаде Џафери.