Џафери останува претседател на Собранието, не е изгласана недоверба
Објавено на 1 јули, 2022 во 09:41

Собранието не ја прифати интерпелацијата на Талат Џафери, со што тој останува претседател на Парламентот, вечерва беше одлучено на 77-та седница.
Според резултатите, 43 пратеници гласаа „за“, а 61 пратеник гласаа „против“ разрешување на Џафери. Вкупно гласаа 104 пратеници. Немаше воздржани.

-Одговорно и совесно ќе продолжам да ја вршам работата, рече Џафери после гласањето.
