Во сабота, акција „Македонија без отпад“
Објавено на 15 октомври, 2014 во 15:47
Во рамки на проектот „Македонија без отпад“ в сабота низ цела држава ќе се реализира националната акција за чистење на отпадот „Македонија без отпад“.
Акцијата ја спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“, дел од проектот „Македонија без отпад 2014“.
Проектот ќе се спроведува со поддршка и со учество на државните институции, локалната самоуправа, јавните и комуналните претпријатија, невладините организации, здруженија на граѓани и месното население.
Целта на проектот е што помасовно да се вклучат граѓаните и сите засегнати групи, да ја исчистат својата околината од отпадот што се наоѓа лоциран на несоодветни места.