Словенечко – македонси бизнис ден во Струга
Во Струга деновиве се одржа словенечки бизнис ден на кој беа присутни преставници на над 80 словенечки и македонски компании. Словенечките бизнисмени најавија дека поради економската криза во Словенија и повисоките даноци размислуваат своето производство да ги преселат во Македонија од каде би направиле обид за излез на трети пазари, јави Радио Слободна Европа. Македонија се уште ги нема искористено своите потенцијали кои може да им ги понуди на словенците, рече Роберт Водушек, директор на фабриката Леарница од Охрид.
Според него Македонија има и поевтина работна сила.
Искра Јовановиќ. директор на Македонско-словенечкиот бизнис клуб, рече дека Словенците се заинтересирани за туристичките и водените потенцијали, хидроелектраните и за сончевите денови во Македонија. Според Михајло Мојсов, конзул на Словенија во Македонија, економската соработка на двете земји е задоволителна имајќи во предвид дека најголем дел од поголемите словенечки компании се присутни на македонскиот пазар. Во моментов нивниот број е помеѓу 100 и 150 компании.