Безготовинско наплаќање на транспортните дозволи!
Македонските превозници, од денеска, можат и со платежна картичка да ја платат административната такса како и електронски да аплицираат за дозволи кои се издаваат во Секторот за патен сообраќај во Министерството за транспорт и врски.
Министерот Миле Јанакиевски најави дека од следниот четврток ќе се воведе и виртуелен ПОС терминал, со кој транспортните компании од дома ќе може да аплицираат и да ги палат транспортни дозволи од дома.
Од МАКАМТРАНС рекоа дека со овој софтвер ќе заштедат време и транспортните компании од внатрешноста на Македонија.
Оценија дека претсавува голем чекор за транспортерите кои досега трошеле време за уплата, аплицирање на документи како и за подигнување на дозволите.
Во Македонија, годишно, се издаваат околу 70 илјади поединечни транспортни дозволи, 4 илјади сертификати, илјада лиценци за превоз на патниците или стока и околу 500 дозволи за превоз на патници.
Административната такса што транспортерите ја плаќаат чини 300 денари./Б.Н