Безготовинско наплаќање на транспортните дозволи!

Објавено на 1 март, 2013 во 17:31

Македонските превозници, од денеска, можат и со платежна картичка да ја платат административната такса како и електронски да аплицираат за дозволи кои се издаваат во Секторот за патен сообраќај во Министерството за транспорт и врски.

Министерот Миле Јанакиевски најави дека од следниот четврток ќе се воведе и виртуелен ПОС терминал, со кој транспортните компании од дома ќе може да аплицираат и да ги палат транспортни дозволи од дома.

Од МАКАМТРАНС рекоа дека со овој софтвер ќе заштедат време и транспортните компании од внатрешноста на Македонија.

Оценија дека претсавува голем чекор за транспортерите кои досега трошеле време за уплата, аплицирање на документи како и за подигнување на дозволите.

Во Македонија, годишно,  се издаваат околу 70 илјади поединечни транспортни дозволи, 4 илјади сертификати, илјада лиценци за превоз на патниците или стока и околу 500 дозволи за превоз на патници.

Административната такса што транспортерите ја плаќаат чини 300 денари./Б.Н

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.