Грци во Србија ќе одгледуваат алги за производство на струја !?

Објавено на 7 март, 2013 во 22:57

Грчката компанија “Algа enerdži”  има намера да инвестира 75 милиони евра за производство на енергија од алтернативни извори со горење на алги.

Алгите би ги одгледувале во Лесковац а околу 4000 работници би добиле работа,вели косопственикот на фирмата Јоанис Споридис-Антониадис.

Тој,по потпишувањето на меморандумот за разбирање со градоначалникот на Лесковац, Горан Цветановиќ им рекол на новинарите дека е заинтересиран за еден квадратен километар од земјиштето во Зелената зона.

Градот Лесковац, пред две години издвоил 100 ха земјоделско земјиште за Зелената зона. Планирано е на тоа подрачје да се изградат погони за производство на храна и дистрибутивен центар за овошје и зеленчук на југот на Србија.

За две и пол години ќе инвестираме околу 75 милиони евра и постепено би вработиле околу 4000 луѓе. Почнуваме со еден хектар а на секој хектар ќе има по 50 луѓе. Нашата намера е да останеме повеќе од десетина години“,рече Споридис-Антониадис, додавајќи дека компанијата која тој ја претставува работи и во Централна Европа и Африка.

Градоначалникот на Лесковац, Цветановиќ рече дека грчката фирма е подготвена да почне со работа ова лето но, не е сигурен дали локалната самоуправа може да го исполни својот дел од обврските.

“Потребни се околу 100 милиони динари за пренамена на земјоделското земјиште во градежно а ние ги немаме тие пари“, рекол Цветановиќ.

Споридис Антониадис и неговиот грчки партнер за својата иноваторска идеја, производство на енергија од алги, во 2012 година добиле награда од Грчко-американската трговска комора во Атина во висина од 80.000 евра.

Извор: Beta

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.