Грци во Србија ќе одгледуваат алги за производство на струја !?
Објавено: 7 март, 2013, во 22:57 часот
Грчката компанија “Algа enerdži” има намера да инвестира 75 милиони евра за производство на енергија од алтернативни извори со горење на алги.
Алгите би ги одгледувале во Лесковац а околу 4000 работници би добиле работа,вели косопственикот на фирмата Јоанис Споридис-Антониадис.
Тој,по потпишувањето на меморандумот за разбирање со градоначалникот на Лесковац, Горан Цветановиќ им рекол на новинарите дека е заинтересиран за еден квадратен километар од земјиштето во Зелената зона.
Градот Лесковац, пред две години издвоил 100 ха земјоделско земјиште за Зелената зона. Планирано е на тоа подрачје да се изградат погони за производство на храна и дистрибутивен центар за овошје и зеленчук на југот на Србија.
“За две и пол години ќе инвестираме околу 75 милиони евра и постепено би вработиле околу 4000 луѓе. Почнуваме со еден хектар а на секој хектар ќе има по 50 луѓе. Нашата намера е да останеме повеќе од десетина години“,рече Споридис-Антониадис, додавајќи дека компанијата која тој ја претставува работи и во Централна Европа и Африка.
Градоначалникот на Лесковац, Цветановиќ рече дека грчката фирма е подготвена да почне со работа ова лето но, не е сигурен дали локалната самоуправа може да го исполни својот дел од обврските.
“Потребни се околу 100 милиони динари за пренамена на земјоделското земјиште во градежно а ние ги немаме тие пари“, рекол Цветановиќ.
Споридис Антониадис и неговиот грчки партнер за својата иноваторска идеја, производство на енергија од алги, во 2012 година добиле награда од Грчко-американската трговска комора во Атина во висина од 80.000 евра.
Извор: Beta
