Поевтинуваат горивата!
Објавено на 11 март, 2013 во 14:10
Oд ноќеска на полноќ,согласно најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, цените на безоловниот бензин и дизелот се намалуваат за 1.50 односно за 2 денари.
Литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 1.50 денари помалку и ќе се продава по цена од 83.50 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 ќе се намали за 2 денари и еден литар ќе се продава по цена од 85 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1.5 денари и еден литар ќе се продава по цена од 71 денар.