Утре Владата се задолжува!
Објавено на 11 март, 2013 во 18:08
Државата објави ново задолжување од 36,3 милиони евра преку пет аукции на државни записи.
Тоа се четири аукции на записи и една аукција на петгодишна обврзница, објавени од Народната банка.
Владата во реалниот сектор треба да врати исто така 36,3 милиони евра, во среда, по основ на доспеани хартии од вредност.
Во последните податоци од министерството за финансии, на домашен терен, заклучно со првиот месец од годинава по основ на државни записи Владата должи скоро 874 милиони евра.
Последните расположливи податоци, од министерството за финансии покажуваат дека во првиот месец од годинава јавниот долг се искачи на 33,1 % од бруто домашниот производ.
Тоа е за 7 % поени повеќе од нивото на задолженост во првиот квартал од минатата година. /Б.Н