Економистите, правниците, социјалните работници и психолозите најтешко се вработуваат!

Објавено на 6 јули, 2013 во 09:31

Инженери, програмери, информатичари и фармацевти во РМ се вработуваат најбргу, а најтешко до работа доаѓаат економисти, правници, социјални работници и психолози. Образовниот систем не е услогласен со пазарот на труд, пренесува Дојче Веле.

Професор по одделенска настава на македонски јазик, дипломиран учител, професор за предучилишно воспитување, дипломиран менаџер по туризам и угостителство… Гимназијалците се најбројни кај невработените со завршено средно образование, а потоа следат економските, земјоделските, конфекциските, ветеринарните, угостителските техничари… ова се профили на занимање од кои има најмногу невработени евидентирани во Агенцијата за вработување.

Работодавачите искажале потреба и за работници за следните занимања: електроинженер за пренос и распределба на електрична енергија, инженер-технолог за прехранбени производи, архитект, графички дизајнер, машински техничар, градежен техничар за високоградба, медицинска сестра со положен државен испит… Ѕидарите, пекарите, браварите, шивачите, готвачите, заварувачите и армирачите се постојано барани на пазарот на трудот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.