Конкуренцијата предизвика намалување на цената на струја во Хрватска!
Објавено на 9 јули, 2013 во 07:29
Хрватското електростопанство (ХЕП) поднесе барање за намалување на производствената цена на електричната енергија за домаќинствата за 10,7 отсто.
Тоа е одговор на неодамнешното влегување на конкуренција на пазарот на електрична енергија.
Барањето е доставено до Хрватското енергетко регулаторно тело, поточно агенција и во колку биде прифатено крајната цена би можела да биде пониска за шест до седум отсто, соопшти ХЕП.
Намалувањето на цената за домаќинствата се заснова на формулата за пресметка на трошоците за производство на електрична енергија во првата половина на годината и на проценка на трошоците за производство во 2013-та.
Во средината на јуни словенечки ГЕН и германски РВЕ Енергија понудија пониска цена на струја во однос на ХЕП.
