На пазарот нема ориз затоа трговците му ја зголемија цената!

Објавено на 10 јули, 2013 во 07:50

Трговците нудат за 40 отсто повеќе од нормалната цена на оризот кој го нема во продажба. Сега се бара ориз по цена од 55 денари наместо за 44 за килограм. Штипската телевизија Ирис објави дека ваквата состојба ги изненади кочанските производителите.

Во моментов има недостаток од ориз на пазарот но, земјоделците не веруваат дека овие високи откупни цени ќе преживеат до крајот на жетвата.

Според нив годинава се очекува  слаба реколта поради задоцнетата седиба и семе. 
На нивите во источна Македонија оризот е засеан на 4.000 хектари и се очекува род од околу 28.000 тони оризова арпа и околу 13.000 тони бел ориз.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.