Субрата Рој денеска во Љубаниште

Објавено на 11 јули, 2013 во 06:54

Индискиот бизнисмен Субрата Рој денеска ќе ја посети локацијата во Љубаништа, каде според најавите неговата компанија „Сахара Индија Паривар“ треба да гради луксузен туристички комплекс, пренесе Охрид њус.

Компанијата на Субрата кај Љубаништа сака да го изгради најголемиот туристички ресорт на природно езеро, кој според најавите ќе се протега на површина од над 240 хектари и ќе содржи хотел на вода со казино, марина, голф терени и повеќе елитни населби.

Субрата Рој во Охрид предводи поголема делегација на неговата компанија која вчера допатува во Охрид со два приватни авиона.

-Работите сега веќе созреваат. Имаме големи амбиции и планови, но за тоа секако потребно е многу време. – изјави непосредно по слетувањето во Охрид Субрата Рој.

Индискиот мултимилионер за време на посетата на Охрид ќе оствари средби со премиерот Груевски и вицепремиерот Ставрески, а се најавува средба и со охридскиот градоначалник.

Во сабота Субрата Рој ќе организира гала вечера на која покрај претставници на државниот врв ќе присуствуваат и амбасадори во земјава.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.