Милијардерот Субрата Рој повторно во Љубаниште
Објавено на 11 јули, 2013 во 10:59
Индискиот милијардер, Субрата Рој, пристигна вчера во Македонија за нова посета на Охрид и Љубаниште.
Тој најави дека иако работите се малку изменти, нема да одстапи од реализација на својот проект. Имено, Рој најави градба на луксузен комплекс во Љубаниште од над 240 хектари. Планирана е изградба на хотел, вили, бунгалови, приватни плажи, казина и спортски терени од највисока класа.
Деновиве милијардерот ќе се сретне со министерот за финансии, Зоран Ставревски, како и со претседателот Ѓорге Иванов кој ќе го придружува на отворањето на Охридско Лето.
Рој пристигна во приватен авион со својата фамилија и менаџерите. Тие се ВИП-гости од највисока категорија во охридските хотели.
Л.С.
