ЕВРОСТАТ: Во Грција повеќе невработени млади од Македонија!

Објавено на 12 јули, 2013 во 13:57

Европслата канцеларија за статистика (ЕВРОСТАТ) денеска објави дека во Грција поголем е бројот на невработени млади лица споредено со невработеноста во Македонија.

Во Грција живеат еден милион и 76 илјади млади лица, од кои минатата година дури 55,3 отсто биле невработени.

Најновата листа на Евростат покажува дека Грција е на прво место во Европа по невработени лица на возраст од 15 до 24 години, а втора е Македонија со 53,9 отсто невработени или 304 илјади лица.

Според Евростат, лани во Европската унија имало 23 отсто невработени од вкупно 57,5 милиони млади лица. Од земјите-членки на Унијата, најмалку младинци без работа има во Германија и во Австрија.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.