Во август трошоците за живот биле повисоки
Како што објави Државниот Завод за статистика, трошоците на животот, мерени преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во август во однос на јули годинава се повисоки за 0,3 проценти, а споредено со август лани за 2,8 проценти.
Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во август во однос на јули оваа годинја пораст на трошоците на живот е забележан во групите: транспорт за 1,8 проценти, храна и безалкохолни пијалаци и мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0,4 проценти, алкохолни пијалаци, тутун, рекреација и култура и останати стоки и услуги за 0,1 проценти. Статистика евидентира намалување на трошоците на живот во групите: облека и обувки за 0,2 проценти и домување, вода, електрика, гас и др. горива за 0,1 процент. На ниво од претходниот месец останаа трошоците за групите: здравје, комуникации, образование и ресторани и хотели.
