Мај за 1,5 % поскап од април, цените за разлика од мај лани повисоки за 3,3 посто
Објавено на 10 јуни, 2025 во 17:21

Во однос на минатата, 2024 година трошоците пораснале за 3,3 посто, додека цените на мало се зголемиле во просек за 1,6 проценти.
Најголемо поскапување има кај храната и безалкохолните производи од 4,1 %, разновидни стоки и услуги за 1,5 посто, алкохолните пијалоци, производи од тутун и наркотици поскапеле за 0,8 проценти, облеката и обувките за 0,5 %, рекреација и култура за 0,4 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,3 %, домување, вода, електрика, гас и други горива и Здравје за минимални 0,1 %.
Најмногу поскапеле земјоделските производи, прехрамбените, индустриско- прехрамбените и пијалоците.
Цените во транспорт се намалиле за 3,6 %, ресторани и хотели се поевтини за 0,2 посто, а комуникациите за 0,1 проценти.
Дума.мк
