Намален кредитниот рејтинг на Хрватска
За еден степен, од БББ- на ББ+ е намален кредитниот рејтинг на Хрватска. Ваквата одлука „Фич“ ја аргументира со влошувањето на буџетските перспективи на земјата и падот на економијата.
Оваа меѓународната бонитетна агенција година очекува пад на хрватската економија за 0,9 проценти, наспроти претходно предвидениот раст од 0,3 отсто.
„Фич“ сега очекува државниот долг на Хрватска да се зголеми до 66 отсто од бруто домашниот производ (БДП) во 2016 година, наспроти досегашните прогонзи на агенцијата од 62 процента.
Хрватската економија, која во голем дел зависи од туризмот, се наоѓа во рецесија или стагнација веќе четири години. Таа забележа пад од уште 0,7 отсто во вториот квартал на 2013 година.
Аналитичарите предвидуваат за оваа година пад на БДП за 0,4 проценти.
