Прва седница на Чешко – македонскиот комитет за економска соработка

Објавено на 24 септември, 2013 во 10:26

Заедничкиот комитет за билатерална економска соработка меѓу Република Македонија и Чешката Република, денеска и утре, ќе ја одржи првата сесија.

Целта на Комитетот е интензивирање на бизнис соработката меѓу двете земји и дефинирање на натамошните чекори за промоција на трговијата и  инвестициите, јави дописникот на МИА од чешкиот главен град.

Експертите од двете држави ќе разговараат во рамки на три работни групи.

Ќе бидат презентирани македонските можности за инвестирање во делот на енергетиката, минералните суровини, транспортот, како и во областа на земјоделството, заштитата на животната средина и туризмот.

Ќе се разговара и за интензивирање на трговијата и инвестициите на мали и средни претпријатија.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.