Фактор:Кинезите потврдија дека Каналот Дунав-Морава-Вардар е економски оправдан
Кинеските прелиминарни резултати за студијата за каналот Дунав-Морава-Вардар покажале дека неговата изградба е економски оправдана, информираа од Агенцијата за просторно планирање на Република Србија.
Фактор, го пренесува ставот на вршителот на должноста на директор во Агенцијата, Драган Дункиќ, најавил дека кинеските стручњаци за неколку недели би требало до Владата на Србија да ги достават официјалните резултати од оваа студија.
– Претседателот Томислав Николиќ при неодамнешната посета на Кина добил од домашните тимови краток извод од студијата за оправданоста за каналот Морава, на кои работи кинеската компанија „Чајна гезуба корпорејшн“. За период од неколку недели ќе биде доставена оваа студија – изјавил Дункиќ, на економскиот собир за „Дунав река за соработка“.
Според прелиминарната студија, изградбата на каналот би чинела неспоредливо помалку од тоа што се проценуваше дека каналот би чинел 10 до 15 милијарди евра само са Србија, а изградбата би била со издавање под концесија.
Како што пишуваше Фактор, претставници на кинеските компании од пред шест месеци почнаа да собираат податоци за изработка на студија за оправданоста на изградбата на Каналот Морава.
Оценките на некои македонски експерти се дека изградбата на пловниот канал Дунав-Морава-Вардар-Солун ќе поплави три населби во јужниот дел на Македонија, а ќе предизвика и големи ходрогеолошки и миграциони промени.
Целата анализа на Фактор прочитајте ја тука.
