Груевски: Американци заинтересирани за инвестирање во Македонија
Објавено на 27 септември, 2013 во 20:30
Премиерот Никола Груевски во изјава што ја пренесоа македонските медиуми рече дека американските бизнисмени биле заинтересирани за економска соработка со Македонија.
Груевски, кој денеска во Њујорк ќе има обраќање пред Генералното Собрание на ОН, деновиве одржа три бизнис форуми што беа организирани во рамки на посетата на САД.
