САД под финансиска блокада
Прекинато е финансирањето на активностите на федералната влада во САД. На принуден одмор се очекува да бидат испратени од 852 илјади до два милиона буџетски корисници.
Сенатот и Претставничкиот дом не ги усогласија позициите околу еден дел од буџетот поточно законот за здравствено осигурување познат како Обамакер.
Блокадата на Владата ќе влијае и на работата на судовите, финансирањето на армијата, полицијата и сите федерални институции.
Барак Обама потпиша закон со кој се осигура припадниците на армијата и крајбрежната стража да добијат плати за време на финансиската блокада на Владата.
Блокадата на финансирање на Владата, можат да ја прекинат републиканците и демократите кога ќе постигнат договор за буџетот и финансирање на Обамакер.
Претходно ваква блокада на американската Влада и се случила пред деветнаесет години и траела три недели.
